Transatlantik Hotel And Spa

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Transatlantik Hotel And Spa
  • 50 слики
  • Во близина на плажа
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 13,99 - бесплатно сместување
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Transatlantik Hotel And Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Гојнук на 9 км од Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 491 соби во две главни згради.

    Стандардни соби (26-30 м², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1 лица).

    Фамилијарни соби (56 - 60 м²; две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

    Апартмани (80-105 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило и џакузи на балконот, макс. 4 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода при пристигнување), сеф (со доплата), LCD телевизор со сателитски програми и музички канали и балкон. (Некои стандардни соби се без балкон).

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцeн појадок, ручек, попладне закуски, вечера и закуски доцна навечер, сите локални и некои увозни (само во лоби барот) алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 02.00 часот, сладолед во одредени часови, закуски на плажа од 10.00 – 18.00 часот со некои безалкохолни пијалоци и пиво, слаткарница.

    Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, À la Carte ресторан со претходна резервација, услуга во соба, наргиле.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, рибен À la Carte ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Лекарска услуга 24 часа, перење алишта, чување деца, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет конекција на јавни површини и лоби е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 400 метри од хотелот со лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа кои се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, пинг-понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, фитнес центар, парна соба се бесплатни.

    Со доплата: масажа, СПА центар, спортови на вода, билијард.

    Забавни програми во текот на денот и шоу во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, мини диско навечер.

    Хотелот е реновиран во 2023 год.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација