Asteria Kremlin Palace

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Asteria Kremlin Palace
• 37 слики
• За деца
• На плажа
• Наша препорака
• Аква парк
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Asteria Kremlin Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во областа Лара- Анталија, 20 км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 875 соби, во три различни блока.

• Стандардни Соби: (23м²,една спална соба со еден француски кревет и еден кревет на расклопување, купатило, макс.2+2 деца).
• Стандардни Соби со Кревети на Спрат: (23 м²,една голема спална соба со француски кревет плус кревет на спрат, купатило, макс.3 лица).
• Фамилијарни Соби: (48м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, на две нивоа, макс. 5 лица).

Сите соби се со купатило со када, туш, фен, бањарки и папучи, клима која работи во одредени часови според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, електричен бокал, сет за кафе и чај, балкон (нема во собите со кревет на спрат).

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручекра, ужина во текот на денот, вечера, отворена шведска маса до 07.00 наутро, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, свежо цедени сокови, луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка и услуга во соба дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан - шведска маса, À la Carte ресторани: - La Gondola (италијанска кујна) Pasha Restaurant (турска кујна), El Sombrero Restaurant (мексиканска кујна), Marin (рибен ресторан) и различни барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатно.

• Плажа

Песочна сопствена плажа, со лежалки, чадори за сонце, пешкири кои не се наплатуваат. Користење на павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, 8 тениски игралишта, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, сауна, турска бања се бесплатни. SPA центар и масажа, часови по нуркање, ноќно користење на тениските игралишта дополнително се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари на плажа и базен, шоу програми во вечерните часови, жива музика, диско. Мини клуб за деца од 04-12 години и јуниор клуб од 13-16 години (од јуни до септември) специјални програми игралиште и мини диско во вечерните часови.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација