Concorde de Luxe Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Concorde de Luxe Resort
• 33 слики
• За деца
• На плажа
• Наша препорака
• Аква парк
• Наша препорака
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Concorde de Luxe Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 401 соби.

• Стандардни Делукс Соби: (28-32м², една спална, едно купатило, 2+1 лица).
• Делукс Дуплекс Соби: (на 7- ми кат 47м²; 2+2 лица, на првиот кат две софи, купатило, на вториот кат една спална соба и купатило, првиот и вториот кат не се одвоени со врата, сите се со поглед на море).
• Јуниор Делукс Апартмани: (43-56м², макс. 4 лица, мал дел за одмор и мало купатило на влезот од собата, една спална соба со купатило, поглед на море или градина).
• Фамилијарни Делукс Апартмани: (55-68м²; макс. 4 лица, една дневна соба одвоена со врата од спалната соба и купатилото и една голема спална соба со купатило одвоена со врата од другите соби, сите се со поглед море).
• Гранд Делукс Апартмани: (61-70м², две спални соби, две купатила и дневен дел, сите се со поглед на море).
• Кралски Апартмани: (81-134м² ; лоцирани на најгорниот кат од хотелот).

Сите соби се во модерен стил со купатило со када, туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција, под со тепих и балкон.

• Услуга

Делукс Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, снек ресторан со две различни мениа, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина во доцни вечерни часови. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, услуга во соба од 01.00-07.00 според мени листа само храна, корпа со овошје на пристигнување. Луксузните увозни пијалоци, старите вина, сите флаширани пијалоци, Habana барот за цигари, Vinario-барот за вина, сите À la Сarte ресторани, наргиле, услуга во павилјоните на плажа дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторант Le Buffet со шведска маса, À la Carte ресторани-Da Vinci (италијанска кујна), Asiana (кинеска и јапонска кујна), Daрhne (турска кујна), Poseidon (рибен ресторан), Vinario (steak restaurant, забрането за деца до 12 години), BBQ À la Carte ресторан- сите со претходна резервација и со доплата, Food court (самопослужување за брза храна), Neyzen Pancake Pavilion (турски палачинки), Café Mundo (сервис за кафе и слатки), барови во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг центрите се наплатуваат. Wi-Fi интернет бесплатен низ целиот комплекс.

• Плажа

Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павилјоните дополнително се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, џакузи, две тениски игралишта и осветлување до 22.00ч., одбојка на плажа, кошарка, немоторни спортови на вода, мал фудбал, мини голф, пинг понг. Моторните спортови на вода, салон за убавина, SPA&Wellness центарот, масажа, куглање, билијард, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Гала вечери на секои 14 дена, жива музика. Dombo Мини клуб за деца од 04-12 год.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација