Delphin Be Grand Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Delphin Be Grand Hotel
• 50 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Наша препорака
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Отворен базен
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Delphin Be Grand Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот.

• Сместување

Вкупно 837 соби во четири блока.

• Стандардни Соби Be Trendy: (35м²; една спална француски кревет + софа 160х80 цм, едно купатило, макс. 2+1 лица).
• Стандардни Соби Be Large: (42м²; една спална со францусли кревет + еден единечен кревет + софа 160х80 цм, едно купатило, макс. 2+2 лица).
• Супериор Соби Be Romantic: (32m², спална со еден француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
• Супериор Соби Be Delux Loft: (41m², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
• Be Family A Rooms: (56 м², две одвоени спални, едната е со француски кревет + софа 160х80цм, а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4+1 лица).
• Be Family Loft: (70 м², дуплекс, еден или два француски кревети, една софа и еден или два единечни кревети, две туш кабини, макс. 4+1 лица).
• Be Family B: (80м², две одвоени спални, едната спална е со француски кревет, а другата со два единечни кревети и софа, едно купатило, макс. 3+2 лица ).
• Be Suit: (123 м², две спални и тоа едната со француски кревет + софа а другата со два единечни кревети, една дневна, едно купатило, макс. 4 лица).
• Be Royal: (104 м², дуплекс, две спални и двете со француски кревет, две купатила, сауна, макс. 4 лица).

Сите соби се со балкон, со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI во соби.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини во тек на денот и доцна навечер, диетално мени, детско мени, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација (еден À la Carte ресторан за 7 дена е бесплатен, секој нареден се наплатува). V.S.O.P. коњак, премиум виски и увозни специјални вина, енергетски пијалоци и увозно пиво, место за пушење, сите флаширани пијалоци, услуга во соба дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан Sunflower, À la Carte ресторани- Sultan-турска кујна, Sakura - јапонски рестора, Jipo ресторант-мексиканска кујна, Ristorant Lugiano -италијанска кујна, Mermaid ресторант- рибен ресторан, Atlantes -грчка кујна. Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско бар. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет (во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), шопинг центар, компјутерски игри, изнајмување кола, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат.

• Плажа

Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце кои не се наплатуваат. Павиљоните на плажа и на базен се наплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени базени (еден е полуолимписки), затворени базени, Аква парк со 9 лигалици за возрасни и 7 за деца, џакузи во затворен базен, тениски терени, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, сауна и турска бања се бесплатни. Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениските терени, часови по тенис, салон за убавина, СПА центар, масажа, куглање, билјард, школо за нуркање. Секојдневни забавни програми преку ден, натпреварувања и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 07 години и Миди клуб од 08 – 12 години, специјално диско за деца, кино и специјални програми.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација