Delphin Diva

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Delphin Diva
• 29 слики
• Наша препорака
• Аква парк
• Наша препорака
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Delphin Diva

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара, 10 км од аеродромот и 15 км од центарот на Анталија. Се наоѓа на сама плажа.

• Сместување

Вкупно 798 соби.

• Супериор соби (35 м², со поглед на копно или страничен поглед море, франнцуски кревет + единечен кревет и една софа 165x75 cm, макс.2+2 лица).
• Фамилијарни соби (38 м², две одвоени спални со врати, едно купатило, еден балкон, макс.3+2 лица).
• Поврзани соби (2x35 м², две супериор соби поврзани со врата, макс. 3+1 лица).
• Јуниор апартман (45 м², една спална со француски кревет + единичен кревет + софа 165x75 cm, едно купатило, поголем балкон, макс. 3+1 лица).
• Лагуна соби (36 м², макс. 3 лица, овие соби имаат свој базен и не примаат деца до 7 год, еден француски кревет + еден единичен кревет, едно купатило),
• Апартмани (58 м², една спална и една дневна, купатило, голема тераса со џакузи, макс.2 лица)
• 8 соби за лица со попреченост (сите овие соби се со страничен поглед на море).
• Делукс фамилијарни соби (56 м², две одвоени спални, едно купатило, џакузи на тераса, сите соби се со страничен поглед море, макс. 4 лица).

Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинантен под, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чипс, крекери се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, безжичен интернет, сателитска ТВ и музички канали.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, шампањ во неделите, доцни ужинки, храна и пијалоци во снек баровите, свежо цедени сокови за време на појадок и во витамин барот. Сите локални и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базенот и барот на плажа, À la Carte ресторани со претходна резервација (само еднаш за 7 дена, понатаму со доплата). Диететска, вегетаријанска и детска храна е достапна во главниот ресторан. Луксузни увозни пијалоци, VSOP коњак, пури, специјални вина, увозни пијалоци во À la Carte рестораните дополнително се наплатуваат. За деца под 15 год., влезот е дозволен само во турскиот ресторан.

• Содржини

Главен ресторан Gusto со шведска маса, À la Carte ресторани: Lalezar (турска кујна и скара), Zuma (Далечен Исток), Mia Mensa (италијански), Teppanyaki (јапонски), Da Vincci (месо и вино), Helen (грчки), Tequila ресторан (мексикански), Pescador (рибен), La tapas (шпански) ресторан. Барови на различни места во хотелскиот комплекс кои служат локални и увозни пијалоци, Диско клуб, кино. Доктор и негувателка, перална, шопинг центар, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, чување деца дополнително се наплаќаат. WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци за на плажа не се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базен за деца, базен за релаксација само за возрасни, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, забавен парк за деца (одредени термини). Опрема и часови по тенис, масажа, СПА центарот и салон за убавина, пилинг, спортови на вода, куглање, компјутерски игри и школо за нуркање се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпревари и шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино, тематски вечери и гала вечери. Мини клуб за деца од 4-12 год со програма во текот на денот, Луна Парк, мини Диско навечер, игралиште и детско кино.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација