Delphin Imperial Lara

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Delphin Imperial Lara
• 59 слики
• За деца
• На плажа
• Теретана и СПА
• Наша препорака
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Наша препорака
• Ексклузивни
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Песочно-камчеста плажа

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Delphin Imperial Lara

• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара, 10 km од аеродромот и 15 km од центарот на Анталија. Се наоѓа на сама плажа.

• Сместување

Вкупно 798 соби.

Супериор соби (35 m², со поглед на копно или страничен поглед море, француски кревет + единечен кревет и софа (165x75 cm), купатило, макс.2+2 лица).

Фамилијарни соби (38 m², две одвоени спални со врати – во едната француски кревет и софа (165x75 cm), а во другата два единечни кревета, едно купатило, еден балкон, макс.3+2 лица).

Поврзани соби (2x35 m², две супериор соби поврзани со врата, макс. 3+1 дете).

Јуниор апартман (45 m², една спална со француски кревет + единичен кревет + софа (165x75 cm), едно купатило, поголем балкон, макс. 3+1 лица).

Лагуна соби (36 m², макс. 3 лица, овие соби имаат свој базен, и поради безбедносни причини не примаат деца до 7 год, еден француски кревет + еден единичен кревет, едно купатило).

Делукс фамилијарни соби (56 m², две одвоени спални, едно купатило, џакузи на тераса, сите соби се со страничен поглед море, макс. 4 лица).

Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинантен  под, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво, чипс, крекери се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, безжичен интернет, сателитска ТВ и музички канали.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна ужина до 06.00,  бранч во неделите, храна и пијалаци во снек баровите, свежо цедени сокови за време на појадок и во витамин барот.

Сите локални и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалаци, сладолед, кафе, чај покрај базенот и барот на плажа, À la Carte ресторани со претходна резервација (само еден ресторан за престој од 7 дена, понатаму со доплата).

Со доплата се: Диететска, вегетаријанска и детска храна е достапна во главниот ресторан. Луксузни увозни пијалаци, VSOP коњак, пури, специјални вина, увозни пијалаци во À la Carte рестораните, GQ Puro bar, Da Vinchi и Teppanyaki.

• Содржини

Главен ресторан Gusto со шведска маса, À la Carte ресторани: Lalezar (турска кујна и скара), Zuma (Далечен Исток), Mia Mensa (италијански), Teppanyaki (јапонски), Da Vincci (месо и вино, со доплата), Helen (грчки), Tequila ресторан (мексикански), Pescador (рибен), Renovato (здрава исхрана),  La tapas imperial restaurant (шпански) ресторан. Барови низ хотелскиот комплекс кои служат локални и увозни пијалаци, Диско клуб, кино.

Доктор и негувателка, перална, шопинг центар, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, чување деца дополнително се наплаќаат.

WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња.

Лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци за на плажа не се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базен за деца, базен за релаксација само за возрасни, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, забавен парк за деца (одредени термини).

Опрема и часови по тенис, масажа, СПА центарот и салон за убавина, пилинг, спортови на вода, куглање, компјутерски игри и школо за нуркање се наплатуваат.

Забавна програма во текот на денот, натпревари и шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино, тематски вечери и гала вечери. Мини клуб за деца од 4-12 год со програма во текот на денот, Луна Парк, мини Диско навечер, игралиште и детско кино.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација