Lara Barut Collection

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Lara Barut Collection
• 94 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Lara Barut Collection

• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара на 10 km од аеродромот во Анталија и на 12 km од центарот на градот.

• Сместување

Вкупно 467 соби. Главна зграда (10 ката), дел кај градината и дел од лагуната.

Главна зграда:

Делукс соби (38 – 40 m², една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200), или два единечни кревети (120х200) + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

Делукс соби со поглед на море (48 – 50 m², поглед море, една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200) или два единечни кревети (120х200) + софа,  едно купатило, поголема тераса, макс.2+1 лице).

Корнер апартман со џакузи и поглед море (48 – 50 m², поглед на море, една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200), едно купатило, поголема тераса со џакузи, макс.2+1 лице).

Designer suit (68 - 70m², една дневна соба и една спална соба одвоени со лизгачка врата, еден француски кревет (180х200) во спалната соба + едно купатило, поголема тераса со џакузи, макс.3 лица).

Designer suit 360 (55 – 57 m², делумен поглед на море, една поголема спална соба со голем кружен кревет, со дел за седење, едно купатило со кадa, парна бања, поголема тераса со џакузи, макс. 2 лица).

Grand designer suit (106 – 108 m², поглед на море, поголема спална соба и дневна соба, одвоени со лизгачка врата, две купатила, поголема тераса со џакузи, макс. 3 лица)

2 соби за лица со попреченост.

Делот кај градината:

Делукс соби во градина (во делот на градината, со поглед на базен, 34-37 m², една спална соба со француски кревет (200х200) + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Deluxe Garden room swim up (44-48 m², во делот на градината, со поглед на базен, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, поголема тераса со пристап на базен, макс.2+1 лице).

Делукс фамилијарен апартман (65-73 m², две спални соби поврзани со врата, две купатила, макс.5 лица).

Deluxe Family Suit swim up (90-95 m², во делот на градината, со поглед на базен, две спални соби, две купатила, поголема тераса, пристап на базен, макс.5 лица).

Делот кај лагуната:

Deluxe lagoon room (43-47 m², поглед кон градина, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило со туш, макс.2+1 лице).

Deluxe lagoon room swim up (43-47 m², поглед кон градина, една спална соба со два поголеми кревети + софа, едно купатило со туш, поголема тераса со пристап на базен, макс.2+1 лице).

Designer Junior suit (55-58 m², поглед кон градина, една дневна соба со дел за седење и една спална соба со француски кревет + софа, не се одвоени со врата, едно купатило, макс.2+1 лице).

Пентхаус апартман со турска бања и џакузи (70-74 m², поглед кон градина, една спална соба со француски кревет, едно купатило налик турска бања, поголема тераса со дел за седење и џакузи, макс.2+1 лице).

Сите соби се со електронски систем на заклучување, балкон, купатило, фен, бањарка, влечки, централен или сплит клима уред, телефон, паркетен под, сеф,  мини бар, електричен бокал, сет за кафе и чај, машина за кафе со капсули, сателитски ТВ програм, бесплатен WI-FI.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга, шведска маса со појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (на деца под 12 години не им е дозволен влез во Akdeniz и во Tirmis ресторани), мини бар во собата (сокови, вода, пиво се дополнуваат секој ден), веганска и безглутенска храна достапна за време на главните оброци.

Не се вклучени: луксузни пијалаци, одредени вина и сите флаширани пијалаци,наргиле, услуга во соба, јастог и специјални вина во À la Carte рестораните, Secret grill À la Carte restoran.

Grand designer suit, Designer suit, Designer suit 360, Corner suit, Designer Junior suit и Penthouse suit концепт:

Приватен check in и check out, бесплатна услуга во соба, секојдневно местење кревети, секојдневна достава на весници, дневно полнење на минибарот со локални и увозни пијалаци  (мали шишенца), секојдневно достава на корпа со овошје. Приоритетен влез во À la Carte рестораните, сервис за чистење на чевлите, 20 мин бесплатен пилинг и третман на лице еднаш за време на престој / по соба, при пристигнување пеглање на вечерната тоалета.

• Содржини

Главен ресторан Divan со шведска маса, À la Carte ресторани: Kuyu -турски,

Kumda Kipri – ресторан со скара, Turunc - интернационален, Sandal – морска храна, Akdeniz - медитерански ресторан наменет само за возрасни, Tirmis Regional - само за возрасни, Pizzeria Di Laura - италијански, Iro - суши бар, слаткарница, Secret Grill –со доплата/ сета храна е печена, лоби бар, бар крај базенот, места за ужина, ноќен клуб.

Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет е бесплатен низ хотелот.

• Плажа

Хотелска песочна плажа, бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.

Приватните павилјони и Gazebo се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Надворешен базен, 1 полуолимписки базен, 1 внатрешен базен, 1 внатрешен базен (со морска вода), детски базен, 5 тобогана, фитнес центар, сауна, турска бања, 3 тениски игралишта, одбојка на плажа, еден повеќенаменски терен за кошарка, минифудбал и ракомет, пинг понг, сала за вежбање, миниголф, стрелаштво, терен за сквош.

Билијард, ДВД, масажа, СПА центар, козметички салон, спортови на вода се со доплата.

Забавни програми во текот на денот, натпревари, специјални вечерни шоу програми, жива музика. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјална програма во текот на денот и мини диско навечер. Специјален бебешки концепт од 00-2,99 години, бебешки телефон, бебешка кола, простирка за бебе, нокширче, сунгерче, лосион за бебиња, затоплување на бебешко шишенце, бебешки марамчиња (на барање и е бесплатно).

Хотелот е реновиран во март 2022.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација