Liberty Hotels Lara
- Turcija
- Antalija
- Lara
-
-
-
-
-
- 32 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Liberty Hotels Lara
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 17 км од аеродромот во Анталија и 22 км од центарот на градот.
-
Сместување
Вкупно 311 соби.
Стандардни соби (23 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Големи стандардни соби (29 м², голема спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Фамилијарни соби (35-45 м², две спални соби одвоени со врата, едната соба е со француски кревет, а другата е со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни дуплекс соби (50 м², на долниот кат има два единечни кревети + една софа на развлекување, на горниот кат француски кревет, две купатила, макс. 4 лица)
2 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со балкон, купатило со када / туш, фен, централна клима која работи согласно временските услови, телефон, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, Wi-Fi интернет врска, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневна ужина, колачи и сладолед во одредени часови во денот, вечера, полноќни закуски, чај, кафе, дел со детска храна, домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, À la Carte ресторани (италијански, турски и скара) се со претходна резервација и еднаш за време на 7 дневен престој.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани (Далечен Исток и рибен) се со претходна резервација и доплата, како и повторното користење на À la Carte рестораните, услуга во соба, наргиле.
-
Содржини
Jasmine -главен ресторан со шведска маса, Carmen слаткарница, À la Carte ресторани (Balbura италијански, Sarpedon рибен, Pinara турски, Nysa Далечен Исток, скара), бар во лоби, витамински бар, бар покрај базен и на плажа.
Доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, интернет кафе, телефон, факс, продавници се со доплата. Бесплатна Wi-Fi интернет врска.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. Приватните павилјони за плажа се со претходна резервација и доплата.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, 2 тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата се: осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, масажа, спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот и навечер со професионални групи, програмата се менува на секои две недели, мини клуб за деца од 4-12 год, игралиште, мини диско навечер.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца