Melas Lara Hotel
- Turcija
- Antalija
- Lara

- 31 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Melas Lara Hotel

Положба
Хотелот се наоѓа во Лара, 12 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот.

Сместување
Вкупно 322 соби.
- Стандардни соби (32 м², една спална со француски кревет + една софа, едно купатило, макс. 2+1 лице),
- Фамилијарни соби (32 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 3+1 лице).
- Економски соби (65м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едната спална е со француски кревет, втората е со две софи, едно купатило, макс. 3+1 лице +1 бебе).
Сите соби имаат купатило со џакузи када (освен економските соби), фен, бањарки, влечки, централен клима уред, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска телевизија со музички канали, WI-FI, ламинатен под, балкон.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот и доцна навечер, 24 часа храна и пијалоци, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови за појадок, мини бар (сокови, вода и пиво се дополнува секојдневно), сладолед, бар на плажа, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалоци и свежо цедени сокови после појадок, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турски, рибен и интернационален, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење и и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет со мала брзина во целиот хотел е бесплатен.

Плажа
Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори и крпи кои не се плаќаат. Менувањето крпи за на плажа се доплаќа.

Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен (затворен во текот на летниот период) за деца и возрасни, лизгалки на вода, тениски терени, кошарка, гимнастика, одбојка на плажа, турска бања, сауна, парна соба, џакузи. Со доплата се: спортови на вода, осветлување на тениските терени, билијард, масажа и третмани во спа центарот. Забавни програми во текот на денот покрај базенот и на плажа, натпревари, забавни програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални програми во текот на денот и вечерта.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа