Royal Wings

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Lara
  • Royal Wings
  • 40 слики
  • За деца
  • На плажа
  • Теретана и СПА
  • Песочна плажа
  • Голем воден парк
  • Анимација
  • Бесплатно WiFi
  • Ексклузивни
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • Отворен базен
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Royal Wings

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Лара, 15км од аеродромот во Анталија и 17км од центарот на Анталија. Хотелот е на плажа.

  • Сместување

    Вкупно 457 соби.

    Супериор  стандардни соби (36 м²; една спална со француски кревет + еден единечен кревет, купатило, макс.3+1 дете ).

    Јуниор Апартмани (70 м², една спална  и една дневна соба, купатило со туш во секоја соба + џакузи во спалната, макс. 4 лица).

    Дуплекс фамилијарни соби (48 м²; дуплекс соби, на горниот кат има спална  за родителите и купатило со туш, на долниот кат уште една спална со два одвоени кревети, нема врата помеѓу катови, купатило со туш, макс.4 лица).

    2 Кралски апартмани (80 м², две спални и една дневна соба, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица).

    4 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се комфорни со балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на подот, мини бар (безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ, музички канали, WI-FI интернет конекција.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, диететска храна, храна за деца, ужина на плажа, вечера, доцна вечерна ужина. Сите локални безалкохолни и алкохолни и стандардни увозни пијалоци, чај, кафе, сладолед за време на ручек и вечера, сладолед за време на ручек и вечера.

    Услуга во соба, свежо цеден сок, увозен шамањ, некои стари виски, коњак и сите флаширани локални и увозни вина се со доплата. À la Сarte ресторани со претходна резервација (2 дена претходно) со доплата.

  • Содржини

    Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани - Sаhan (турска кујна), Gondol (италијанска кујна), Bambo Garden (кујна од Далечниот Исток), Deep Sea (морска храна), Stek- House ресторан, Olive (медитеранска кујна), слаткарница, барови околу хотелскиот комплекс со 24 часовна услуга.

    Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет со ниска брзина во хотелот е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат.

  • Спорт и забава

    Надворешен и внатрешен базен (затворен за време на летната сезона) за возрасни и деца, голем Аква парк (9 лизгалици на вода и базен со бранови) и забавен парк за деца. Фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Осветлување на тениските игралишта, часови по тенис, масажа и пилинг, куглање, билијард, спортови на вода, школа за нуркање, салон за убавина и SPA центарот дополнително се наплатуваат.

    Забавна програма со натпревари во текот на денот, вечерно шоу со професионална екипа. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација