Sherwood Exclusive Lara
- Turcija
- Antalija
- Lara
-
-
-
-
-
- 35 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Sherwood Exclusive Lara
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара на 10 км од аеродромот во Анталија и 12км од центарот на Анталија.
-
Сместување
Вкупно 499 соби во два главни објекта.
Делукс соби (29 м², една спална со француски кревет + еден единeчен кревет или софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Апартман со џакузи (46 м², една спална со француски кревет и простор за дневен престој и едно купатило со џакузи, макс. 2 лица).
Jуниор фамилијарни соби (35 м², една голема соба со преграда, еден француски кревет + 2 единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарани апартмани (57 м², две спални поврзани со врата, две купатила, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби (40 м², две спални поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Sky апартман (59 м², една спална со француски кревет и дел за седење, едно купатило, голема тераса со џакузи, макс.2 лица).
Кралски апартман (109 м², две спални соби, една дневна соба, две купатила, џакузи, макс. 4 лица).
Сите соби се со балкон, ламинат на подот, купатило со туш, фен, телефон, централна клима која работи според временските услови, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај, свежо цеден сок од портокал за појадок, сладолед, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден).
Не се вклучени: специјални увозни пијалоци, свежо цеден сок (освен за појадок), À la Сarte ресторани со претходна резервација и со доплата, енергетски пијалоци, пијалоци во Row барот, услуга во соба и флаширани пијалоци.
-
Содржини
Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани: Basilico – италијанска кујна, Turquoise – турска кујна, Selenge - монголска кујна,Mama Cocha - рибен ресторан, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб.
Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, изнајмување кола, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет е бесплатен.
-
Плажа
Песочна хотелска плажа, со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. Приватни павилјони со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Осум отворени базени за возрасни и два за деца, еден полуолимписки базен, затворен базен за возрасни и деца, Аква парк (7 лизгалици за возрасни и 3 за деца), фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг. Осветлување за тениските игралишта и опрема, билијард, куглање, компјутерски игри, масажа, салон за убавина и SPA центарот, спортови на вода дополнително се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04 – 12 години и тинејџерски клуб од 13 – 17 години со специјална програма.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа