Greenwood Suites Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Lara
  • Greenwood Suites Resort
  • 45 слики
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Дете до 13,99 - бесплатно сместување
  • Фамилијарни
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Greenwood Suites Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Лара на 11 км од аеродромот во Анталија и 13 км од центарот на Анталија. Хотелот не е директно на плажа.

  • Сместување

    Вкупно 230 соби во една главна зграда и пет блока.

    Стандардни соби (35 м², една спална со француски кревет + еден единачен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).

    Стандардна соба со пристап на базен (35 м², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1лица, пристап до заеднички базен преку терасата).

    Делукс апартман (75 м², една спална соба со еден француски кревет и една дневна соба со 2 софи и внатрешна врата, американска кујна, едно купатило, макс. 2 + 2 деца),

    Делукс апартман со пристап до базен (60 - 80 м², две спални соби, едната со француски кревет, втората со два единечни кревети, две купатила, пристап до заеднички базен од тераса, макс. 2 + 2 лица).

    Делукс супериор апартман (80-90 м², една спална соба со  еден француски кревет и единечен кревет, една дневна соба со два софа кревети, внатрешна врата, американска кујна, едно купатило, макс. 4 + 1 лица).

    Екслузивен апартман (100 м², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба со два софа кревети, две купатила, макс.4+2 деца).

    Сите соби се со балкон или тераса, ламинатен или керамички под, купатило со туш кабина, фен, телефон, сплит клима систем, сеф, мини бар (само безалкохолни пијалоци), сателитска ТВ и музички канали. Во Делукс собите има кујна со фрижидер, машина за перење алишта и машина за миење садови.

  • Услуга

    Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, ужина во доцните вечерни часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај од 10:00 – 24:00 часот, ресторан и бар на плажа од 10:00-17:00 часот.

    Не се вклучени: сите увозни пијалоци, À la Сarte ресторани со претходна резервација и со доплата, храна и пијалоци од 00:00 -07:00 часот, свежо цеден сок,, енергетски пијалоци, услуга во соба, флаширани пијалоци.

  • Содржини

    Главен ресторан - шведска маса, À la Сarte ресторани Basilico – италијански и Safran -турски, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа, диско клуб.

    Доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, изнајмување кола, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет во собите и во лобито е бесплатен.  

  • Плажа

    Песочна хотелска плажа на 750 м од хотелот, со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. Има бесплатен шатл превоз.

  • Спорт и забава

    Надворешни базени за возрасни и деца, внатрешен  базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, масажа, салон за убавина и SPA центарот.

    Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште, мини Диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Локација