Acanthus & Cennet Barut Collection
- Turcija
- Antalija
- Side

- 50 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Acanthus & Cennet Barut Collection

Положба
Хотелот се наоѓа во Кумкој на 2 км од центарот на Сиде и 62 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 260 соби
- Супериор соби со страничен поглед на море (34 м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лица).
- Делукс соби со директен поглед на море (39 м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лица).
- Соби со директен пристап на базен (44 м², на приземје, една спална со француски кревет + софа, едно купатило, тераса со директен пристап на базен, макс. 2+1 лица).
- Фамилијарна соба со страничен поглед на море (43 м², со две спални соби одвоени со врата на лизгање, една спална соба со еден француски кревет + фотелја и друга спална соба со два единечни кревета, едно купатило, макс. 3+1 лице).
- Пентхаус апартман со страничен поглед на море (67 м², една поголема спална соба со француски кревет + софа, соблекувална, купатило, голем балкон, со лежалки и џакузи, макс. 2+1 лица).
- Пентхаус апартман 360 (130 м², една спална соба со кружен кревет, купатило со 2 мијалници, машина за кафе, гардеробер, голем балкон со лежалки и џакузи, макс. 2 лица).
Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, паркет на подот, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, кошница со овошје при пристигнување, свежо цеден портокал само за појадок. Веганска и безглутенска храна во посебен дел од главниот ресторан за време на главните оброци, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, селектирани вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Safran (интернационална кујна), Lavanta (италијански) и Roka (рибен), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола, фризер, продавници дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, крпи и чадори за сонце. Приватните павилјони (Cabana) се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени (затворени за време на летната сезона) за возрасни и деца, тениски терени, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг-понг, турска бања, сауна. Не е вклучено: спортови на вода, Спа центар, масажа, билијард, осветлување на тениските терени. Мини клуб за деца од 4- 12 години, детско игралиште, програми за деца со тим за анимација. Има и специјален Bary Star Baby концепт за деца од 00- 2,99 години: телефон за бебе, количка за бебе, подлога за бебиња, нокшир, шампон, сунѓер, лосион за бебиња, затоплувач на шише, пелени, високо столче кои со посебно барање се бесплатни.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Клуб за деца