Adalya Artside
- Turcija
- Antalija
- Side

- 43 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Adalya Artside

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 417 соби во три згради.
- Стандардни Соби: (29м²; една спална соба со француски кревет + единечен кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
- Стандардни Соби со Кревет на Спрат: (32м², една голема соба со француски кревет + кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица).
- Фамилијарни Соби: (57м², две одвоени соби, едно купатило,макс.4 лица).
- Апартмани: (57м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
- 2 Соби за Хендикепирани лица
Собите се со страничен, со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци на пристигнување, подоцна вода и минерална вода се дополнува секој ден), сет за топли пијалоци, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, интернет конекција (со доплата), балкон.

Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во денот, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација ден претходно и еднаш во текот на престојот. Бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот. Во Сѐ вклучено концептот не се вклучени: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турски и увозни флаширани вина, увозен шампањ, услуга во соба, сите пијалоци во диско клубот.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – италијанска и турска кујна, морска храна, скара и кинеска храна, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA центар и центар за убавина, куглање, билијард, осветлување за тениски терени, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца