Adalya Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Adalya Resort
• 44 слики
• 2 деца БЕСПЛАТНО сместување
• На плажа
• Аква парк
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Затворен и отворен базен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Adalya Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 210 соби во две згради.

• Стандардни Соби: (30м²; една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и едно купатило, макс.2+1 лице или 2+2 лица).
• Фамилијарни Соби: (55м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
• 2 Соби за Хендикепирани лица

Собите се со страничен поглед и со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со када и туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден, со пиво се дополнува само при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет конекција (со доплата), балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек,попладне кафе, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови во текот на денот, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот. Во Ултра Сѐ вклучено концептот не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, турско кафе, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан –Tugra – турска кујна, Dolphin – рибен ресторан À la Carte, Barbeque À la Carte, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби и покрај базен е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA центар и центар за убавина, осветлување за тениски терени, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04 – 12 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација