Akdora Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Akdora Resort Hotel
• 28 слики
• Во близина на центарот
• Песочна плажа
• Лежалки и чадори бесплатно
• Отворен базен
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Akdora Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Сиде на 2км од центарот и 75км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 140 соби во 3 блока (на 5 спрата).

• Стандардни Соби: (една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).
• Стандардни Соби со Кревети на Спрат: (една спална со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица).
• Фамилијарни Соби: соби (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (со вода само при пристигнување), сеф (со доплата), ламинат на подот, TV со сателитски програми и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 22:00 часот, концентрирани овошни сокови, сладолед во одредени часови во текот на денот. Бар на плажа од 11:00 до 17:00 часот само со безалхохолни пијалоци и брза храна. Не се вклучени: сите пијалоци после 22:00 часот, сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сите флаширани пијалоци и лименки, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, барови околу базен, лоби бар. Доктор, перење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 600м од хотелот, со бесплатни лежалки и чадори за сонце, пешкири на плажа со депозит. Бесплатен превоз од хотел до плажа наутро и попладне.

• Спорт и забава

Надворешен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг се бесплатни. Масажа и сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот и навечер, мини клуб за деца од 04 – 11 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација