Alarcha Hotels & Resort
- Turcija
- Antalija
- Side
- 66 слики

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel
Инфо Alarcha Hotels & Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот, на 100 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 388 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (31 m², една спална соба со дупли кревет + еден единечен кревет или фотелја на раклопување, едно купатило, макс 2+1 лица).
Сениор соби (37 m², спална сo дупли кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Апартмани со поглед на море ( 60 m², една голема соба со дупли кревет, место за седење и голем балкон, директен поглед на море, ВИП услуга, макс. 2 лица).
Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш, када и фен, бањарки, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI, балкон. Хотелот нема соби со 2 единечни кревети. Во стандардните соби може да се сместат 2 возрасни лица и 2 деца, со тоа што едно дете би спиело заедно со другото дете во ист кревет или пак со родителите во брачниот кревет.

Услуга
Ултра сѐ вклучено - 24 часа услуга за јадење и пиење - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро, ручек, попладневни закуски, торта, кафе, чај, вечера, полноќна ужина и ран појадок. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијлоци, храна и пијалаци, сладолед во одредено време, диететска и детска храна само во главниот ресторан. Бар на плажа од 10:00 – 17:00.
Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци кои не се на менито, сите флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански и рибен ресторан, барови насекаде околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перење, продавници, изнајмување кола, WI-FI бесплатен во целиот хотел.

Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Крпи, лежалки и чадори се бесплатни.

Спорт и забава
Внатрешен и надворешен базен, базен за деца, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: масажа, велнес центар, билијард и соба за игри, спортови на вода.
Забавни програми, натпревари, шоу програми навечер, мини клуб за деца со богати програми.
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини

Спорт и забава
- Сала за вежбање (Теретана)