Alba Queen

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Alba Queen
• 77 слики
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• 2 деца бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Alba Queen

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 55 km од аеродромот во Анталија и 8 km од центарот на Сиде.

• Сместување

Вкупно 324 соби во пет главни згради.

Стандардни соби, вклучувајќи 4 соби за лица со попреченост (26 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).

Супериор соби (32m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, една софа, едно купатило, балкон, макс. 2+2 лица).

Стандардна соба со кревети на спрат (25-32m², една спална соба со дупли кревет, кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).

Фамилијарни соби тип 1 (41m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, еден балкон, макс.4 лица, сите соби се со поглед на копно).

Делукс фамилијарни соби (55m², две одвоени спални соби, две купатила, два балкона, макс.4+2 деца, сите соби се со поглед на копно).

Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалаци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, LCD TV со сателитска телевизија и музички канали.

Wi-Fi интернет конекција се доплаќа.

• Услуга

Сѐ вклучено  – 24 часа услуга - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај и кафе, избор на доцни вечерни закуски, бифе за деца и бебиња, диететско бифе, сите локални алкохолни и безакохолни пијалаци, бар на плажа од 10:00 – 17:30 часот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови од денот покрај базен и на плажа, пијалаци во диско клубот до 01:00 часот.

Не е вклучено: увозни алкохолни пијалаци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, флаширани пијалаци.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Queens Asia - кујна од Далечен Исток, Queens Fish - кујна со морска храна, барови покрај базен и на плажа, Диско клуб. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито, околу базенот и на плажа е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Бесплатни лежалки и чадори за сонце. Крпите на плажа се со депозит. WI-FI на плажата се доплаќа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, одбојка, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, мини голф се бесплатни.

Со доплата: масажа, SPA центар за убавина и здравје, сите видови на спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри.

Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во текот на вечерните часови, кино, понекогаш музика во живо, забава на плажа. Мини клуб за деца од 4 - 12 години се достапни во текот на денот и мини диско навечер.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација