Alba Queen Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Alba Queen Hotel
• 77 слики
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Alba Queen Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 55 км од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.

• Сместување

Вкупно 344 соби во пет главни згради.

• Стандардни соби, вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице)
• Супериор соби (32м², една спална соба, едно купатило, голем балкон, макс. 2+1 лице),
• Стандардна соба со кревети на спрат (25-32м² , една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица, само со поглед на копно)
• Фамилијарни соби (41м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, еден балкон, макс. 4 лица, сите соби се со поглед на копно)
• Делукс фамилијарни соби (55м², две одвоени спални соби, две купатила, два балкона, макс. 4+2 деца, сите соби се со поглед на копно).

Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се надополнува со вода и безалкохолни пиалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, LCD TV со сателитска телевизија и музички канали. Wi-Fi интернет конекција се доплаќа.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај и кафе, избор на доцни вечерни закуски, бифе за деца и бебиња, сите локални алкохолни и безакохолни пијалоци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед за време на одредени часови покрај базенот, пијалоци во диско клуб до 01:00 часот. Не е вклучено: увозни алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци.

• Содржини

Главен ресторан - со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани - Queens Asia (кујна од Далечен Исток), Queens Fish (кујна со морска храна), барови околу хотелскиот комплекс, слатки, Диско клуб. Доктор, бебиситер, услуги за перење и хемиско чистење, фризер, шопинг, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито и околу базенот е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и каменчиња и бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкири на плажа се со депозит. WI-FI во зоната на плажата се доплаќа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, тениски терени, одбојка, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, мини голф се бесплатни. Масажа, СПА центар за убавина и здравје, сите видови на спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард се доплаќаат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во текот на вечерта, кино, понекогаш жива музика, забава на плажа. Мини клуб за деца од 04- 12 години, се достапни во текот на денот и мини диско во текот на вечерта.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација