Alva Donna Beach Resort Comfort

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Alva Donna Beach Resort Comfort
• 40 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Alva Donna Beach Resort Comfort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Гундоду, 55км од аеродромот и 20км од центарот на Сиде.

• Сместување

Вкупно 328 соби во шест блока.

• Стандардни соби(27м²; една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице)
• Фамилијарни соби (34м²; две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица)
• Кралски апартман (85м²; две спални соби, една дневна соба и две купатила од кое едно е со џакузи, макс. 4 лица).

Сите соби се со приватно купатило, када, фен, бањарка, папучи, централен клима уред според временските услови, телефон, сеф, мини бар (се надополнува со безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, WI-FI интернет, сателитска телевизија, LCD TV и музички канали, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – храна и пијалоци сервирани 24 часа на ден, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера и закуска доцна навечер. Пијалок за добредојде при пристигнување. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај, кафе, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредени часови во текот на денот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, енергетски пијалоци и сите флаширани пијалоци, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, наргиле.

• Содржини

Horizon – главен ресторан со шведска маса, бифе за деца, бифе за диета, ресторан покрај базен, бар за закуски и бар во близина на плажа, À la Carte ресторани ресторани– Anatolia (турска кујна), Capri (италијанска кујна), Taka (рибен ресторан) се достапни со претходна резервација и со доплата, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, телефон, факс, интернет кафе, бебиситер, компјутерски игри, фризер, услуга за перење, шопинг центар, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конеција во целиот хотел и во собите е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа и покрај базен. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк (за возрасни и деца посебно), фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа. Центар за убавина, Wellness и SPA центар со базен со морска вода, спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат. Забавна програма е организирана од професионален тим. Програмата се менува секој ден во период од две недели. Во текот на денот различни натпревари, навечер шоу програми. За деца има Мини клуб за деца од 04-12 години, каде професионалниот тим има организирано специјална програма во текот на денот и навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација