Amelia Beach Resort Hotel
- Turcija
- Antalija
- Side

- 19 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Amelia Beach Resort Hotel

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот на 15 км од Сиде и Манавгат, 80 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 479 соби во главна зграда.
- Стандардни соби (36 м², една спална соба со француски кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).
- Економски соби во Анекс блокот (19 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица).
- Фамилијарни соби Тип А со кревети на спрат (36-39 м², една голема соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
- Фамилијарни соби Тип Б (43 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, поглед на море, макс. 4 лица,).
- Фамилијарни соби Тип Ц (72 м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 5 лица).
Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со минерална вода, безалкохолни пијалоци и вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, кафе, чај, вечера, полноќно бифе, сладолед во одредени часови од денот, бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот, À la Carte ресторани со турска, италијанска и кинеска кујна се со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Не се вклучени: сите увозни пијалоци, пијалоците по 24.00 ч. свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, рибен À la Carte ресторан се со претходна резервација и со доплата, сите пијалоци во Диско клубот и Vitamin барот.

Содржини
Главен ресторан Acacia со шведска маса, À la Carte ресторани: Tulip (турска кујна), Olive (италијанска кујна), Bonsai (кинеска кујна), Oleander (рибен ресторан) се со претходна резервација, лоби бар, бар за ужина, бар покрај базен и на плажата, Диско клуб. Доктор, перална, фризер, чување деца, интернет кафе, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет конекција до 50Mb во лобито е бесплатно.

Плажа
Хотелска песочна плажа со ситни камчиња која се наоѓа преку патот (се поминува тунел). Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, тениски игралишта - бесплатно. Масажа, спортови на вода, куглање, билијард, осветлување на тениски игралишта, салон за убавина и Wellness центар дополнитело се наплатуваат. Забавни програми преку ден и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Клуб за тинејџери од 11-15 год. Луна Паркот е со доплата.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа