Arum Barut Collection

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Arum Barut Collection
• 79 слики
• Опкружен со зеленило
• Во близина на центарот
• Песочна плажа
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Arum Barut Collection

• Положба

Хотелот се наоѓа во Кумкој на 3 km од центарот на Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 330 соби во хотелската зграда и во анекс зградата.

Супериор соби (33 m², главна зграда, една спална соба со дупли кревет + мал дел за седење, едно купатило макс. 2+1 лица).

Делукс соби со поглед на море (33 m², главна зграда, една спална соба со дупли кревет + мал дел за седење, едно купатило макс. 2+1 лица, директен поглед на море).

Queen фамилијарен апартман (45 – 50 m², главна зграда, две спални соби - во едната има дупли кревет + мал дел за седење, во другата еден единечен кревет, одвоени со врата на лизгање, едно купатило, макс 2+1 лица).

Премиум апартман (45 – 50 m², главна зграда, една голема спална соба со дупли кревет и дел за седење, соблекувална, едно купатило, макс. 3 лица).

Пентхаус апартман со поглед на море (57 m², главна зграда на највисокиот кат од хотелот, една поголема соба со голем балкон, макс. 2 лица),

3 соби за лица со попреченост.

Во анекс зградата има два типа на соби:

Делукс фамилијарен апартман (47 m², две одвоени спални соби, во едната спална дупли кревет + мал дел за седење, во другата два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица.)

Голема резиденција (60 m², две посебни спални соби + една дневна соба со кујна и трпезариска маса, едно купатило, макс. 5 лица).

Гранд Резиденција (60 m², во анекс зградата, 2 посебни соби, една дневна соба, купатило, макс 4+1 лице).

Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш и фен, бањарка и влечки, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, паркет на подот, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалаци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, сервис за закуска, бифе за сендвич, торти и колачи, сладолед, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Веганска храна, храна без лактоза и глутен во главниот ресторант за време на оброците и À la Carte ресторан со претходна резервација, без доплата.

Не е вклучено во концептот: специјални увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан - Palmiye со шведска маса, À la Carte  ресторани: Mimoza – кујна од Далечниот Исток, Akasya - интернационален, Petunya –турска кујна, барови покрај базенот, на плажа, лоби бар, слаткарница, диско бар.

Доктор, чување деца, фризер, продавници, услуга за перење и хемиско чистење, СПА и центар за убавина, изнајмување кола се доплаќаат.

Wi-Fi интернет конекција бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Приватна хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, сквош терен, мини голф, одбојка на плажа се бесплатни.

Масажа, SPA и Wellness центар, осветлување за тениските терени, билијард и спортови на вода се доплаќаат.

Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, тобогани, детско игралиште. Има специјален Bary Star Baby концепт за од 00 – 2,99 години: baby телефон, количка за бебе, подлога за бебе, нокшир, шампон, сунѓер, лосион за бебе, затоплувач на шише, влажни марамици, високо столче кои се бесплатни на барање.

Хотелот е реновиран во 2023 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација