Aydinbey King's Palace & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 43 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Aydinbey King's Palace & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 15 км од Сиде и Манавгат и 60 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 359 соби.
Стандардни соби (26 м², една спална соба и едно купатило, дупли кревет + единечен кревет, макс. 2+1 лице).
Фамилијарни соби (32 м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и минерална вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладне торта, вечера, полноќна закуска, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, пијалок за добредојде, локални и некои увозни алкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови, бар за закуски на плажа од 10:00- 18:00 часот.
Не е вклучено: сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни увозни пијалоци, наргиле, услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан, À la Carte ресторани: Ottoman –турска кујна, италијански ресторан, мексикански ресторан, Mediterranean (рибен ресторан), Asia (кујна од Далечниот Исток), скара ресторан, À la Carte појадок, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, перење алишта, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатно.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, три лизглаки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, пинг-понг, гимнастика, одбојка на плажа.
Се доплаќаат: спортови на вода, билијард и куглање, центар за убавина, СПА центар, масажа. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми, еднаш во 14 дена Гала вечера. Мини клуб за деца од 4-12 години.
Хотелот е реновиран во 2021.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа