Barut Sunwing Side Beach

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Barut Sunwing Side Beach
• 48 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Barut Sunwing Side Beach

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Евренсеки на 60 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 300 соби.

• Апартмани (40 м², една спална соба со француски кревет + 2 софи и кујна, едно купатило, со балкон или тераса, макс.2+2.).
• Гранд апартмани (50 м², две спални една со француски кревет, друга со кревет на спрат или два единечни кревети, дневна со софа за две лица со кујна , едно купатило, макс.4 + 2).

Сите соби се со балкон или тераса, сопствено купатило со туш и фен, бањарка, влечки, клима, телефон, паркет, сеф, микробранова печка, фрижидер, електричен бокал, тостер, сет за чај и кафе, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.

• Услуга

Постои можност за ноќевање со појадок, полупансион или ALL-inclusive концепт, според резервацијата на гостите. За all-inclusive има отворено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, услуга за ужина, торти и колачи, вечера, снек бар Beach Club од 09:00 - 18:00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: Сите увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, À la Carte ресторани, услуга во соба. За гостите кои имаат B&B или полупансион, храната и пијалоците, освен одредени оброци, се доплаќаат.

• Содржини

Главен ресторан - отворена шведска маса, ресторан Fino Terrace & Grill Àla Carte, Mehmet’s Kitchen, барови покрај базен, на плажа. Доктор, чување деца, фризер, трговски центар, перална и хемиско чистење, СПА и центар за убавина, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во сите хотели е бесплатна.

• Плажа

Приватна хотелска песочна плажа, на 600 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.

• Спорт и забава

Надворешни и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, СПА и велнес центар, рефлектори за тениски терени и опрема, спортови на вода дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови шоу програми. Мини клуб за деца од 03-07 год. Има посебен Baby Концепт од 00 до 2,99 години: бебешки телефон, бебешка кола, подлога за бебиња, нокшир, шампон, сунѓер, лосион за бебе, грејач за шишиња, марамчиња за бебиња, столче за бебиња... по барање се бесплатни.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Локација