Club Hotel Felicia Village

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Club Hotel Felicia Village
• 41 слики
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• 2 деца бесплатно
• На плажа
• Наша препорака
• SPA & Wellness
• Аква парк
• Анимација
• Наша препорака
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Club Hotel Felicia Village

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во областа Кизилот на 85км од аеродромот во Анталија и 14км од Сиде и Манавгат.

• Сместување

Вкупно 240 соби во двоспратни бунгалови.

• Стандардна соба (28м², една спална соба, купатило, макс.2+2 лица)
• Јуниор фамилијарна соба (33м², две спални соби одвоени со врата, во едната спална соба има француски кревет и во другата има кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
• Голема фамилијарна соба (38м², две спални соби одвоени со врата, во едната спална соба има француски кревет и во другата има два единечни кревети, едно купатило, макс.4+1 дете).

Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигање, а подоцна се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија, музички канали и балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, чај, кафе, вечера и полноќна супа, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови од денот, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 24.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите пијалоци по 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, сите пијалоци во диско клубот и Витамин барот.

• Содржини

Главен ресторан Acacia со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: турска кујна, италијанска кујна и рибен ресторан со претходна резервација, лоби бар, снек бар, бар покрај базенот и бар на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, услуги за перење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI - FI конекција во зоната на градината е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базен за деца и возрасни, лизгалици на вода, турска бања, сауна, фитнес центар, тениски игралишта, пинг понг, кошарка и одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, спортови на вода, билјард, компјутерски игри, осветлување на тениските терени и опрема за тенис, салон за убавина дополнително се наплатуваат. Забавни програми за деца во текот на денот и попладне, натпревари покрај базен, шоу пробрами навечер со професионален тим. Мини Клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација