Club Nena

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Club Nena
  • 53 слики
  • Наша препорака
  • Опкружен со зеленило
  • Бесплатно WiFi на јавни површини
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • 2 деца бесплатно
  • Песочно-камчеста плажа
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Club Nena

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Кизилаач, на 80 км од аеродромот во Анталија и на 12 км од Манавгат и Сиде.

  • Сместување

    Вкупно 586 соби во главната зграда и клуб соби.

    Стандардни соби (28-30м², една спална со француски кревет или два единечни кревети+еден стандарден кревет, купатило, макс.2+1 лице).

    Големи соби (32м², поголеми од стандардните, еден француски кревет одвоен со параван од два единечни кревета, купатило, макс. 3+1).

    Фамилијарни соби (38м², две спални одвоени со врата, купатило, макс.2+2 лица).

    7 соби за лица со попреченост.

    Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секојдневно), сеф (со доплата), Wi-Fi интернет, сателитска ТВ, плочки или ламинат на подот, балкон.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладне закуски, полноќни закуски, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, чај, сладолед во одредено време од денот.

    Со доплата се сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци во Диско клубот, пијалоци од 24:00-10:00, пијалоци во шише, наргиле, пијалоци во Pier барот, À la carte ресторан со претходна резервација и со доплата.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, бар со закуски покрај базен и на плажа, À la carte ресторани (рибен, турски, италијански), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, перење алишта, чување деца, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен насекаде во хотелот.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени базени за возрасни и деца, релакс базен само за возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа, тениски терен, кошарка и мини фудбал се бесплатни. Со доплата се масажи, СПА центар, осветлување за тениските терени, билијард, спортови на вода.

    Забавни програми со специјален тим во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца 4-12 год, детско игралиште, анимации, Мини ко навечер.

    Хотелот е делумно реновиран во 2018 година.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација