Crystal Admiral

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Crystal Admiral
• 45 слики
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Плажа со камчиња
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Crystal Admiral

• Положба

Хотелот се наоѓа во Кизилот, Сиде, на 80 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 834 соби.

Стандардни соби (вклучувајќи и 8 соби за лица со попреченост, 35 m², една спална со дупли кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Еко соби (22 m², една спална и едно купатило, француски балкон, ги има на секој кат, макс. 2 лица).

Дуплекс фамилијарна соба (55 m², лоцирани на првиот и на последниот кат, две спални -два единечни кревета на приземје и француски кревет на горниот кат, едно купатило, макс. 4 лица).

Јуниор апартмани (50 m²  една спална, една дневна, едно купатило, макс.3 лица).

Апартмани за меден месец (48 m² една спална, едно купатило, џакузи, макс. 2 лица).

Сите соби се со купатило со када, туш, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), килим на подот или плочки, WI-FI интернет, балкон, сателитска ТВ и музички канали.

• Услуга

Ultimate Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалаци – освежително крпче и традиционален турски пијалак (шербет) за добредојде, појадок, продолжен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, специјално детско бифе и дел за подготовка на храна за бебиња, ресторани со закуски во текот на денот, сладолед во определени часови од денот, попладне колачи, чај, кафе, детокс бар, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна навечер со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Не е вклучено: увозни премиум алкохолни пијалаци, странски и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, Витамин бар, рибен и стек À la Carte ресторан, вино, шампањ и специјални нарачки во À la Carte рестораните (освен наливно вино).

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса , À la Carte ресторани со турска, италијанска, мексиканска кујна, рибен ресторан, стек ресторан, барови во хотелскиот комплекс. Доктор, перење алишта, продавници, чување деца, фризер, изнајмување кола, компјутерски игри, телефон, факс се со доплата.

WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Има тунел помеѓу плажата и хотелот.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, Аква парк, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни.

Масажа, СПА и центар за убавина, СПА базен, сите спортови на вода, куглање, билијард, компјутерски игри се со доплата.

Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални вечерни шоу програми. Crispy Kids World – мини клуб за деца од 4-12 години во текот на денот и мини диско навечер. За тинејџери од 13-17 години исто има организирани дневни и вечерни програми.

Хотелот е реновиран во 2019 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација