Crystal Palace

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Crystal Palace
• 101 слики
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Плажа со камчиња
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Crystal Palace

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Чолакли, на 55 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 509 соби во една главна зграда и во 4 блока.

Стандардни соби вклучувајќи 5 соби за лица со попреченост (23-28-32 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 до 3 лица).

Фамилијарни соби (32-42 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Соби за меден месец (39 m², директен поглед на море, една спална соба со дел за седење, едно купатило со џакузи, макс.2 лица).

Јуниор апартмани (44 m²; една спална соба со голема дневна, не се одвоени со врата, едно купатило со џакузи, макс.2+ 1 лице).

Супериор јиниор апартман (44 m², една спална соба со простор за седење, не се одвоени со врата, едно купатило, лоцирани во сите блокови освен главната зграда, макс.3 лица).

Паша апартмани (92 – 100 m²; две посебни спални соби, една дневна соба, две купатила - едно со џакузи, кујна, макс.4 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, фен за коса, влечки, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (со безалкохолни пијалаци се полни секој ден), сет за чај и кафе, сеф, ламинат, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон.

• Услуга

Ultimate Сѐ вклучено - 24 часовна услуга за храна и пијалаци. Освежителни крпи за добредојде и традиционален турски пијалак шербет по пристигнувањето, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диететско бифе, специјално бифе за деца и место за подготовка на храна за бебиња, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и здрави ужинки, детокс бар, ресторани за ужина во текот на денот, сладолед во одредени часови во денот во текот на денот, попладневни колачи, чај и кафе, закуски касно навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во престој.

Не се вклучени: увозни премиум алкохолни пијалаци, меѓународни и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, рибен À la Carte ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки во ресторани À la Carte (освен наливно вино ).

• Содржини

Главен ресторан Lalezar со шведска маса, À la Carte ресторани - Turga (турски), La Murano (италијански), Bonsai (Далечен Исток), медитерански со морска храна, El Torito (мексиканска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Сафир Диско клуб. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Приватна плажа со камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа (со депозит). Павилјоните се со претходна резервација и доплата.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, одбојка на плажа, фитнес центар, кошарка, пинг-понг, турска бања, сауна, парна соба, снежна соба се бесплатни.

Масажа, СПА центар за здравје и убавина, СПА базен, сите спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат.

Забавни програми со  професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во вечерните часови, кино. Crispy Kids World мини клуб за деца од 4 – 12 години, достапни во текот на денот и мини диско навечер. За тинејџери од 13 – 17 години различни програми.

Хотелот е реновиран во 2018 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација