Crystal Sunset

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Crystal Sunset
• 89 слики
• Голем воден парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Crystal Sunset

• Положба

Хотелот се наоѓа во Кумкој, на 65 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 584 соби во една главна зграда.

Стандардни соби (26-32 m², вклучувајчи и 4 соби за лица со попреченост, една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).

Фамилијарни соби (40-44 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Стандардни големи соби (40 m², една соба со преграда, во едниот дел има француски кревет, а во другиот два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица).

Султан апартман (61 m², една прекрасно декорирана спална соба, една дневна соба со поглед на море и џакузи, широк балкон, едно купатило со туш, макс. 2 лица).

Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалаци секој ден), сеф, ламинатен под, електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.

• Услуга

Ultimate Сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци. На пристигнување освежителни крпи за добредојде и традиционален турски пијалак – шербет, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диететско бифе, специјално детско бифе и дел за подготовка на бебешка храна, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и здрави ужинки, детокс бар, сладолед во одредено време во текот на денот, ресторани за закуски во текот на денот, сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престој од 4 дена.

Не се вклучени: увозни премиум алкохолни пијалаци, специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, вина, шампањ, специјални нарачки во À la carte рестораните (освен наливно вино).

• Содржини

Главен ресторан Sunset со шведска маса, À la carte ресторани: Pasha Ottoman - турски, Mediterranean Breeze - италијански, Tex – Mex - мексикански, Orient Express – кујна од далечен исток, Fish Bone - морска храна, Toffee Apple Kids - детски ресторан со специјалитети за деца со претходна резервација и само два пати неделно, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, диско клуб. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, интернет катче, фризер, продавници, компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата.

• Плажа

Хотелска плажа на 4 km  од хотелот, со камчиња, карпи и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Има постојано бесплатен превоз во текот на денот.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 9 тобогани (забрането за деца под 10 години да ги користат тобоганите за возрасни), мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, солена соба се бесплатни.

Спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар, СПА базен, куглање, билијард и компјутерски игри се со доплата.

Забавни програми во текот на денот со професионален тим и специјални шоу програми навечер. Crispy Kids World мини клуб за деца 4-12 год., со дневни програми, натпревари и мини диско навечер. За тинејџери од 13-17 години има специјални програми.

Хотелот е реновиран во зима 2018/2019 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација