Diamond Beach Hotel & SPA

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Diamond Beach Hotel & SPA
• 28 слики
• Песочна плажа
• Во близина на плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Поволни цени
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Diamond Beach Hotel & SPA

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Гундогду на 12 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 288 соби во неколку блока.

Стандардни соби (26-28 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).

Стандардни големи соби (31 m², поголема стандардна соба, макс.2+2 лица).

Фамилијарни соби (40 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалаци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе, диететско бифе, детско бифе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 -24:00 часот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, сладолед во одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се на менито, специјални и увозни вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, турско кафе, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan – турски ресторан и Lagos – медитерански ресторан, бар покрај базен кој работи 24 часа, диско клуб, бар на плажа. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 250 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата: сите спортови на вода, билјард, соба со игри, SPA & центар за убавина и масажи.

Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми, мини диско во вечерните часови.

Хотелот е реновиран во 2022 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација