Diamond Elite Hotel & Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Diamond Elite Hotel & Spa
• 34 слики
• Песочна плажа
• Поволни цени
• Лежалки и чадори бесплатно
• Само за возрасни
• Отворен базен
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Diamond Elite Hotel & Spa

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 10 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 177 соби во неколку блока.

Стандардни соби (28 m², една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).

Фамилијарни соби (40 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Соби за лица со попреченост.

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалаци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, WI-FI интернет, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и пладневни закуски, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, диететско и вегетаријанско катче, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, сладолед во одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој од 7 дена.

Не е вклучено: увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, турско кафе, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски и италијански ресторан, лоби бар кој работи 24 часа, барови околу целиот хотелски комплекс, диско клуб, бар на плажа. Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 300 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни (не работат преку лето) базени, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата: сите спортови на вода, билјард, компјутерски игри, SPA & центар за убавина и масажи.

Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација