Euphoria Palm Beach Resort HV1

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Euphoria Palm Beach Resort HV1
• 59 слики
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Euphoria Palm Beach Resort HV1

• Положба

Хотелот се наоѓа во Кизилаач, на околу 12 км од Манавгат и 78 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 586 соби во бунгалови.

Стандардни клуб соби (27м², една спална со француски кревет или два единечни кревета + еден дополнителен кревет, купатило, макс.2+1 лице).

Стандардни соби со кревети на спрат (27м², една спална со два единечни кревета и кревет на спрат, купатило, макс.2+2 деца).

Супериор клуб соби (46м², една спална со француски кревет, една дневна со единечен кревет, купатило, макс. 3 лица).

Јуниор клуб апартмани (61м², две спални соби и една дневна соба, купатило, макс.3+1 лица).

Фамилијарни клуб апартмани (71м², две спални соби, дневна соба со софа и дел за седење, две купатила, макс.4+1 лице).

Executive соба (44м², една спална со француски кревет, дневна соба со трпезариска маса, купатило, макс. 3 лица).

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, плочки или ламинат на подот, мини бар (вода и сокови на пристигнување, потоа само се дополнува со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне закуски, торти и колачи, вечера и полноќна закуска, сладолед во одредено време, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар со закуски на плажа помеѓу 10:00-17:00 часот.

Не се вклучени: увозни пијалоци кои не се на менито, флаширани пијалоци, сортни вина и шампањи, свежо цедени сокови, дополнување на мини барот, наргиле, À la carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани – Pish Mish (турски), La Rosettа (италијански), Wonton (далечен исток), Poseidon (морски), барови и барови со закуски  низ хотелскиот комплекс.

Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, продавници, изнајмувањ екола се со доплата.

Wi-Fi интернет во лоби, покрај базените и во ресторан е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба се бесплатни.

Масажи, СПА центар, спортови на вода, осветлување за тениските терени, билијард, играчница се со доплата.

Забавни програми покрај базен и на плажа во текот на денот, навечер шоу програми. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 год, разни програми во текот на денот и мини диско навечер.

Хотелот е реновиран во 2022 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација