Kamelya Collection K Club

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Kamelya Collection K Club
• 54 слики
• За деца
• На плажа
• Аква парк
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Kamelya Collection K Club

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Чолакли на 8км од Сиде и 55км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 584 соби. Сите соби се наоѓаат во двокатни и трoкатни блокови во голема градина.

• Стандардни соби (22 - 24м², една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс.2+1лице),
• Супериор соби (28-33м², една голема спална соба со twin кревети, едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Делукс соби (36-44², една спална соба со француски кревет + еден twin кревет, едно купатило, макс.2+2лица),
• Фамилијарни соби (40-53м², две спални соби разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица),
• Фамилијарни апартмани (105-111м², две поврзани спални соби со врата, една дневна соба, две купатила, макс.4+2 лица).

Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред, сеф, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), керамички под, WI-FI интернет конекција, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера, полноќна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, пиво и вино во барот на плажа, свежо цедени сокови само за време на појадокот. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина и коктели, увозни пијалоци кои не се на мени листата, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса и за главни оброци (појадок, доцен појадок, ручек, вечера), во Kamelya Fulya ран појадок, закуски навечер, À la Carte ресторани Turkuaz –турска кујна, China Town –кинеска кујна, Yengec – рибен ресторан, La Perla – италијанска кујна, Azteca – мексиканска кујна, медитерански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, Café House, бар на плажа за закуски, барови покрај базен, барови на плажа. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI стандардна интернет конекција е бесплатна.

• Плажа

Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни (вкупно 7 надворешни и 2 внатрешни) и за деца (вкупно 4 надворешни и 2 внатрешни), Аква Парк за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, џакузи, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, кошарка, стрелаштво, пинг понг. Се доплаќаат: тениски терени, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, спортови на вода, куглање, билијард и компјутерски игри, масажа, SPA и Wellness центар, јавање коњ. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години, клуб за тинејџери во сезона од 12-18 години, мини зоолошка градина, различни програми и активности во текот на денот и навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација