Kirman Calyptus Resort & Spa

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Kirman Calyptus Resort & Spa
  • 102 слики
  • Аква парк
  • Анимација
  • Бесплатно WiFi
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Отворен базен
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Kirman Calyptus Resort & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 5 км од Сиде и 60 км од аеродормот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 420 соби.

    Стандардни соби (30м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).

    Супериор соби (30м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице).

    Фамилијарни соби (44м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

    Делукс фамилијарни соби (63м², една спална соба со дупли кревет, втора спална со три единечни кревети, едно купатило, макс.4+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколадо и чипс секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чак, ламинатен под, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (слаба брзина), балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено - 24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, диететско и безглутенско бифе, детско бифе и катче за бебиња (со можност да подготвите бебешка храна сами), сладолед попладне, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот само во еден ресторан, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар на плажа од 10:00 - 18:00 часот.

    Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, наргиле, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, ресторан за скара, италијански, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се доплаќаат.

    WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа на 450 м од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има тунел со бесплатен превоз до плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен за бебиња, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата: масажа, билијард, сите спортови на вода, SPA центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Спорт и забава
    • Пикадо
    • Сала за вежбање (Теретана)
  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа
  • Ресторани и барови
    • Ресторан

Локација