Linda Resort
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 34 слики
LINDA RESORT HOTEL - 5* - SORGUN – SIDE Локација: Хотелот се наоѓа во Соргун на 5км од Сиде и Манавгат и 70км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупно 239 соби. Стандардни соби (20-26м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Фалимијарна соба со кревети на спрат (28-32м², една голема соба со кревети на спрат и разделени со параван, едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби се со пр
Инфо Linda Resort
LINDA RESORT HOTEL - 5* - SORGUN – SIDE
Локација: Хотелот се наоѓа во Соргун на 5км од Сиде и Манавгат и 70км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно 239 соби. Стандардни соби (20-26м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Фалимијарна соба со кревети на спрат (28-32м², една голема соба со кревети на спрат и разделени со параван, едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби се со приватни купатила, со када и фен, клима уред, телефон, мини бар (со доплата), ламинатни подови, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга: Сѐ вклучено - отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини во барот во градината измеѓу 12:00 - 16:00 часот, колачи, чај, кафе, вечера и полноќна супа. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот (ракија, вино во чаша, пиво, вотка, џин, коњак, ликери), сладолед во одредени часови покрај базенот или барот на плажа. Ресторан за ужина на плажа од 11:00 до 17:00 часот. À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, пакуван сладолед, турско кафе, коктели, шампањ, услуга во соба, сите пијалоци во Диско клубот.
Содржина: Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - рибен ресторан, ужина на плажа, лоби бар, бар на базен, диско клуб. Доктор, перална, шопинг центар, телефон, факс, интернет клуб, компјутерски игри, изнајмување кола и WI - FI интернет се со доплата.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа на 600м од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажа преку цел ден.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, две лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка, пинг понг. Со доплата се спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, масажа, центар за убавина, билијард и соба за играње.
Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.
ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца