LRS Lake & River Side Hotel & Spa

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • LRS Lake & River Side Hotel & Spa
  • 52 слики
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • За деца
  • 2 деца бесплатно
  • SPA & Wellness
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Анимација
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо LRS Lake & River Side Hotel & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 65 км од аеродромот во Анталија и 7 км од античкиот град Сиде.

  • Сместување

    Вкупно 418 соби.

    Стандардни соби (16 -27м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, второто дете спие заедно со родителите, макс.2+2 лица).

    Економски соби (16 - 27м², макс.2 лица).

    Фамилијарни соби (45м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

    Сите соби се со приватно купатило со туш, влечки, фен, клима уред, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден, пиво има само при пристигнување), ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет и балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, ноќно бифе, бифе за деца и ресторан за деца, диететско бифе и безглутенска храна на барање, ресторан за закуски на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво од 10:00 – 18:00 часот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој.

    Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Lalezar – турски ресторан, Violino – италијански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел и на плажа е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа на 1300 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има бесплатен превоз до плажа и назад во текот на цел ден.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба на пареа и турска бања се бесплатни. Со доплата: масажа, Wellness и SPA центар, сите спортови на вода.

    Забавни дневни програми покрај базен и на плажа, натпревари за возрасни и деца, во вечерните часови шоу програми. Мини клуб за деца од 4 -12 години со специјални програми.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација