LRS Port River Hotel & Spa

  • LRS Port River Hotel & Spa
  • 56 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо LRS Port River Hotel & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 60 км од аеродромот во Анталија и 7 км од античкиот град Сиде.

  • Сместување

    Вкупно 406 соби.

    Стандардни соби (16-27м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, второ дете спие со родителите, макс.2+2 лица).

    Економски соби (16-27м², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс.2+1лице).

    Фамилијарни соби (45м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)

    4 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш, фен, бањарки, папучи, сплит клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, и безалкохолни пијалоци секој ден, пиво има само при пристигнување), сателитска LCD ТВ и музички канали, ламинатен под, сеф, WI-FI интернет конекција.

  • Услуга

    Премиум Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски попладне и навечер, сите локални и премиум увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во денот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот со закуски и пијалоци (пиво и безалкохолни пијалоци), пијалоци во Disco бар, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

    Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, флаширани пијалоци, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски ресторан, рибен ресторан, ресторан со кујна од Црно море, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг се доплаќаат. WI–FI интернет конекција во јавните зони, собите и на плажа е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има бесплатен превоз до плажа.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалка на вода, фитнес центар, одбојка на плажа, турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг се бесплатни.

    Со доплата: масажа, SPA и центар за убавина, сите спортови на вода, билијард.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен или на плажа, специјални програми во текот на вечерните часови, гала вечера, неколку дена во неделата музика во живо.

    Мини клуб за деца од 4 - 12 години со секојдневни програми.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација