Selectum Family Comfort Side

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Selectum Family Comfort Side
  • 35 слики
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Selectum Family Comfort Side

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Кизилаач на 10км од Манавгат и 75км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 295 соби во главна зграда и 190 соби во езерски куќи.

    Главна зграда: Стандардни соби (30м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1лице).

    Фамилијарни соби (36м², две спални соби разделени со параван, едно купатило, макс.4 лица).

    Комфорт фамилијарни соби (24-27м², две спални соби, во едната француски кревет и во другата два единечни кревети или кревети на извлекување, едно купатило, макс. 4 лица)

    3 соби за лица со попреченост.

    Езерски куќи (Lake Houses part):

    Стандардни езерски соби (25-27м², една спална соба со француски кревет и кревети на извлекување за деца, едно купатило, макс.2+2 деца).

    Фамилијарни езерски swim-up соби (29м², две спални соби одвоени со врата, во едната спална соба има француски кревет, а во другата има кревети на спрат или два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица).

    Езерски стандардни swim-up соби (25-27м², една спална со француски кревет + кревет на извлекување, едно купатило, директен пристап до заедничкиот базен низ градината, макс.3+1 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централен клима уред во главна зграда и сплит клима уред во езерските соби, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под балкон илии тераса. WI-FI интернет конекција бесплатна.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалоци – Istanbul ресторан во главна зграда и Lake House ресторан -  шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, закуска доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 09:00 – 24:00 часот, во диско клубот до 01:00 часот, сладолед за време на одредени часови во текот на денот, снек бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

    Не се вклучени: сите други увозни пијалоци кои не се на мени листата, сите флаширани пијалоци, специјални вина и луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – турски, Deep sea - рибен, Pepperoni - италијански, Wasabi - кујна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење алишта, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

    WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и крпи на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг.

    Се доплаќаат: спортови на вода, масажа, осветлување за тениски терен, билијард, компјутерски игри, часови по нуркање.

    Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер и забавен парк.

    Хотелот е реновиран во 2023 година (главна зграда).

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација