Master Family Club

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Master Family Club
• 43 слики
• Опкружен со зеленило
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Master Family Club

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кизилот, 20 км до Манавгат и 90 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 266 соби.

• Стандардни соби (20 м², една спална соба со француски кревет + дополнително легло, едно купатило, макс.3 лица).
• Фамилијарни соби со кревети на спрат (24 м², една соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.3-4 лица).
• Фамилијарни соби со две спални (26 м², две спални, една со француски кревет, друга со два единечни кревети, едно купатило, макс. .4лица)
• 2 соби за лица со попреченост

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, влечки, клима уред, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф (дополнително се наплатува), електричен бокал, сет за чај и кафе, паркет на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај и кафе, супа доцна во ноќта, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 24.00 часот, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, ресторан за ужина на плажа од 10.00 – 18.00 часот, сладолед во одредени часови. Не е вклучено: увозни алкохолни пијалоци, странски и специјални вина, собна услуга, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани и енергетски пијалоци, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со турска и медитеранска кујна, лоби бар, бар на базен и на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, перална, фризер, шопинг центар, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI Интернет е бесплатен во заедничките делови и на плажа.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа (со депозит) се бесплатни. Има тунел под патот до плажата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, тениско игралиште, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна се бесплатни. Масажа, спа центар за здравје и убавина, сите спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, опрема за тенис, куглање и соба за игри се доплаќаат. Забавни програми преку ден и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04 - 12 години, достапен е преку ден и мини диско навечер.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација