Melas Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Melas Resort
  • 24 слики
  • Во близина на центарот
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • Фамилијарни
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Melas Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 2 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 304 соби во главни згради.

    Стандардни соби поглед копно (26м², една спална соба со два единечни кревети и еден екстра кревет, едно купатило, макс.2+1 деца).

    Стандардни соби делумен поглед море (20 - 24м², една спална соба со два единечни кревети и една софа, едно купатило, макс.2+2 деца).

    Стандардни соби поглед море (20 - 24м², една спална соба со два единечни кревети и една софа, едно купатило, макс.3+1 лица).

    Големи соби (28 м², една голема спална соба со два единечни кревети, две софи, едно купатило, макс.3+1 дете).

    Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, балкон. Нема дупли / француски кревети во хотелот.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, бифе доцна навечер и ран појадок, мини бар во собите, свежо цеден сок за појадок, À la Carte ресторан со претходна резервација и само еден ресторан може да се користи еднаш за време на престојот, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24:00 часа, сладолед за време на одредени часови попладне, пијалоци во диско клубот до 02:00 часот.

    Не е вклучено: сите увозни пијалоци кои што не се на менито, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, рибен и интернационален (интернационалниот ресторан не прифаќа деца под 12 години), барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI интернет конекција (ниска брзина) е достапна во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, четири лизгалки на вода (Melas Holiday Village), фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, сквош, мини голф.

    Се доплаќаат: масажа, билјард, интернет кафе и компјутерски игри, сите спортови на вода, осветлување за тениски терен и часови по тенис.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми.

    Мини клуб (лоциран во Melas Holiday Village) за деца од 4 - 12 години и клуб за тинејџери од 13 – 16 години со различни активности и програми, мини диско навечер.

     

    Напомена: Хотелот не е соодветен за лица со попреченост поради многу скали околу објектот.  Гостите од Melas Resort Hotel може да ги користат само Мини клубот и Аква паркот во Melas Holiday Village, а сите други содржини ги користат во хотелот во кој што се сместени.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација