Melas Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Melas Resort Hotel
• 19 слики
• На плажа
• Во близина на центарот
• Аква парк
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Melas Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 2км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 327 соби во клуб згради на 2-3 ката.

• Стандардни Соби: (26м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).
• Големи Соби: (28м², една голема спална соба, едно купатило, макс.3+1 дете).

Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи во одредени часови во зависност од временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, ламинатен под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, бифе доцна навечер, сладолед попладне, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еден ресторан може да се користи еднаш за време на престојот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, сладолед за време на одредени часови попладне, пијалоци во диско клубот до 02:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, рибен и интернационални ресторани, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и хемиско, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI интернет конекција (ниска брзина) е достапна во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Пешкирите се бесплатни само на пристигнување, а менување на пешкир на плажа се доплаќа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, четири лизгалки на вода, (Melas Holiday Village), фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, сквош, мини голф. Се доплаќаат: масажа, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терен и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми, мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација