Nashira Resort Hotel & Aqua-Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Nashira Resort Hotel & Aqua-Spa
• 41 слики
• На плажа
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• SPA & Wellness
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Nashira Resort Hotel & Aqua-Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Титрејенгул во близина на морето, 75км оддалечен од аеродромот во Анталија и 7км од античкиот град Сиде.

• Сместување

Вкупно 493 соби.

• Економски соби (30-33м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица).
• Стандардни соби (30-33м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица).
• Супериор соби ( 33,50 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица
• Фамилијарни дуплекс соби ( 45м², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица).
• Фамилијарни соби ( 58м², две спални соби, едно купатило, макс. 4+1лице).
• Апартмани (70м², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со вода секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон (освен економските соби).

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - отворена шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни и полноќни ужини, диететска и вегетарјанска шведска маса, локални и Стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени термини. Не е вклучено: премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, пакуван сладолед, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - турски, рибен, италијански, мексискански и азиска кујна, барови околу целиот комплекс. Доктор, перална, фризер, дадилка, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување коли, шопинг центар се со доплата. WI - FI интернет во лоби е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и пешкири се бесплатни. ВИП павилјони се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, Аква парк со вкупно 27 лизгалки, фитнес центар, кошарка, турска бања, сауна, мини голф, пинг понг се бесплатни. Масажа, спа и центар за убавина, куглање, јавање коњи, тениски игралишта, осветлување и опрема за тениски игралишта, спортови на вода, компјутерски игри се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, специјални забавни програми навечер, гала вечери, мото вечери. Мини клуб за деца и тинејџери со дневни програми.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација