Orange Palace
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 60 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Orange Palace
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 7 км од Сиде и 57 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 180 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (26м²; една спална соби со француски кревет + единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Фамилијарни соби (35м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Економски соби (20м², една спална соба, едно купатило, без балкон, макс.2 лица).
Супериор соби (33м², спална со француски кревет, едно купатило, ВИП сет, макс. 2 лица).
Кралски апартман (85 м², една спална со француски кревет и џакузи, посебно купатило, ВИП сет, макс. 2 лица).
Сите соби се со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни торти и колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, бар на плажа со закуски од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторани со резервација два дена однапред и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени, сите локални и увозни вина во шише, сите пијалоци по 24:00 часот, увозен шампањ, свежо цедени сокови, Vitamin бар на плажа, турско кафе, наргиле, услуга во соба, сите пијалоци во Disco club.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански и мексикански), бар на плажа со закуски, бар покрај базен, лоби бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и на плажа.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 350 метри од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Има бесплатен превоз до плажа во текот на денот.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA и центар за убавина, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат.
Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца