Ramada Resort By Wyndham Side

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Ramada Resort By Wyndham Side
• 17 слики
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Ramada Resort By Wyndham Side

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Гундоду на 16км од Сиде и 60км од Анталија.

• Сместување

Вкупно 290 соби во три блока.

• Стандардни соби (25м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице
• Фамилијарни соби (50м², две оддвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
• Супериор соби (30м², една голема соба со француски кревет, еден единачен кревет и кревет на расклопување, макс. 2+2 лица).
• Економските соби се исти како и Стандардните, но немаат балкон
• 2 соби за хендикепирани лица.

Сите соби се со приватно купатило, со туш кабина, фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), сет за кафе и чај (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички подови.

• Услуга

Сѐ Вклучено - отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини на бар на базен и бар на плажа, вечера, доцна вечерна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, бар на плажа за ужина и пијалоци од 10:00 до 17:00 часот, сладолед во одредени часови од денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот, само во еден од рестораните. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - турски и рибен ресторан, бар за ужина на базен, витамински бар, бар на плажа, лоби бар. Доктор, перална, телефон, факс, интернет кафе, шопинг центри се со доплата. WI - FI интернет конекција со бавна брзина е бесплатен во хотелот и на плажа.

• Плажа

Хотелска песочна плажа на 600м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири се бесплатни. Бар на плажа, кабини за пресоблекување и има тушеви на располагање на плажата. Има бесплатен превоз до плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 6 лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа, спа и центар за убавина. забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација