Riolavitas Resort & Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Riolavitas Resort & Spa
• 40 слики
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Riolavitas Resort & Spa

• Положба

Хотелот се наоѓа во Соргун на 75 km од аеродромот во Анталија и 8 km од античкиот град Сиде.

• Сместување

Вкупно 362 соби во една главна зграда.

Стандардни соби (35 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една софа или кревет на извлекување, едно купатило, макс 2+2 деца).

Swim up соби (35 m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, само за возрасни +16, макс. 3 лица).

Фамилијарни соби (55 m², две посебни спални соби, две купатила, макс. 4 лица).

Пентхаус апартман (115 m², спална соба, дневна соба, џакузи, купатило, макс. 2 лица).

Кралски апартман (140 m², дуплекс, на долниот кат има дневна соба и спална соба со единечни кревети, а на горниот кат има спална со француски кревет, купатило, макс. 4+1 дете).

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинат на подот, Wi-Fi интернет, сателитска LCD TV и музички канали и балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски касно навечер до 07:00 , закуски попладне, детско бифе, ресторан за закуска на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво, диететска и вегетаријанска храна во главниот ресторан, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, бар на плажа со закуски од 10:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот (не е дозволено за деца под 10 год.)

Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на менито, премиум пијалоци, специјални локални и увозни вина, коктели, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со: Gusto kebab house - турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс.

Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат.

WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и крпи на плажа се бесплатни.

Бесплатен превоз до плажа во текот на целиот ден.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, (затворени во летниот период), релакс базен (+16), тобогани, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна, соба со пареа и турска бања се бесплатни.

Масажа, Wellness & SPA центар, спортови на вода, билјард, компјутерски игри дополнително се наплаќаат.

Забавни програми покрај базенот или на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални програми.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација