Royal Alhambra Palace
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 43 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Royal Alhambra Palace
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Чолакли, 9 км од Сиде и 40 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 579 соби.
Супериор стандардни соби (40-46м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 дете).
Дуплекс фамилијарни соби (80м², на спрат има спална соба за родители и купатило, а долу спална соба за деца и купатило со туш, не се одвоени со врата, но не се гледа ништо од горниот спрат, макс.4 лица).
Фамилијарни соби со конектирачка врата (72м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).
Јуниор апартман (70м², една спална соба, една дневна соба, две купатила, џакузи во спалната соба, макс.2+1 лице).
Алхамбра апартман (63м², една голема соба со место за седење, едно купатило, макс.3+1 лице).
Кралски апартман (137м², две спални соби и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило со туш и џакузи и едно купатило со туш, макс.4 лица)
5 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со страничен поглед на море, со директен поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш и када, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на под, LCD TV со сателитски програми, балкон.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, диететско бифе и ресторан за деца, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечера, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, сите локални и увозни флаширани вина, свежо цедени сокови и сокови од зеленчук, увозен шампањ, услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Fettucini – италијански ресторан, Kuzine – турски ресторан, Captain – рибен ресторан, Miyako - кујна со храна од Далечен Исток и La Viva Fiesta – мексикански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција со ниска брзина, во лоби и во собите е бесплатна.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени (затворени во летната сезона) базени за возрасни и деца, аква парк со лизгалки на вода, Луна парк, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни.
Се доплаќа: масажа, SPA и центар за убавина, куглање, билјард, соба за игри, сите спортови на вода.
Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, луна парк и мини клуб за деца од 4 – 12 години, игралиште, мини диско.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца