Seaden Corolla Hotel
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 29 слики
SEADEN COROLLA HOTEL - 4* - KUMKOY – SIDE Локација: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4 км од Сиде и 64 км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупно 404 соби. Стандардни соби (20 м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице). Економски соби (20 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица). Стандардни комфорт соби (20 м², една спална соба, едно
Инфо Seaden Corolla Hotel
SEADEN COROLLA HOTEL - 4* - KUMKOY – SIDE
Локација: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4 км од Сиде и 64 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно 404 соби. Стандардни соби (20 м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице). Економски соби (20 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица). Стандардни комфорт соби (20 м², една спална соба, едно купатило, на погорните катови, страничен поглед на море или базен, одјавување од соба до 15:00 часот, макс. 2+1 лице). Фамилијарни соби (40 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2лица). Фамилијарна соба со кревети на спрат (30 м², две одвоени спални соби, една со француски кревет, друга со кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2лица) и 4 соби за лица со попреченост. Сите соби имаат приватни купатила со туш кабина и фен, клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со вода секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга: Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, кафе и чај, вечера, ноќна закуска, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот во само еден ресторан, бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе, услуга во соба, сите пијалоци во велнес центарот, пијалоци после 24:00 часот, и пијалоци во диско клубот.
Содржина: Главен ресторан з шведска маса, À la Carte ресторани - турски и италијански, барови ни целиот комплекс, диско клуб. Доктор, перење, хемиско чистење и пеглање,, фризер, чување деца, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола е со доплата. WI-FI интернет во лоби и на базен е бесплатен.
Плажа: Хотелска плажа со песок и камчиња на 300 м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа во текот на денот.
Спорт и забава: Отворен и затворен (не работи во лето) базен за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, турска бања, сауна, спа и центар за убавина, масажи, билијард.
Забавни програми со професионални тимови во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, дневни програми, мини диско навечер.
ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца