Seaden Sea Planet Resort & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 37 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk . Положба Хотелот се наоѓа во Кизилот на 12км од Манавгат и 72км од аеродромот во Анталија. Сместување Вкупно 460 соби. Стандардни соби (28м², една спалн
Инфо Seaden Sea Planet Resort & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Кизилот на 12км од Манавгат и 72км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 460 соби.
- Стандардни соби (28м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
- Економски соби (28м², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс. 2+1 лице).
- Комфорт Стандардни соби Комфорт Стандардни соби се исти како Стандардните соби, но со директен поглед на море од повисоките катови.
- Фамилијари соби (48м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица)
- 5 соби за хендикепирани лица
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво при пристигнување, потоа се надополнува со вода секој ден), електричен бокал и сет за кафе и чај (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, WI - FI интернет конекција, балкон.
-
Услуга
Главен ресторан за отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај и колачи, вечера, доцна вечерна ужина, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа), À la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот во еден од рестораните. Не е вклучено: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, сите пијалоци во центарот за убавина и ноќниот клуб.
-
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански, рибен, Далечен Исток и мексикански, барови низ целиот хотелски комплекс, диско клуб. Доктор, перална, фризер, фен, чување деца, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг центар се со доплата. WI - FI интернет конекција е бесплатна низ целиот хотел.
-
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири се бесплатни.
-
Спорт и забава
Внатрешен (затворен во лето) и надворешни базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, центар за убавина, осветлување на тениски игралишта и опрема, масажа, билијард, соба за играње. Забавни програми со професионални тимови во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 до 12 години, игралиште, мини диско навечер.
Веб страна на хотелот
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца