SeaShell Resort & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side

- 41 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо SeaShell Resort & Spa

Положба
Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 55км од аеродромот во Анталија, 10км од Манавгат и 8км од Сиде.

Сместување
Вкупно 283 соби во три блокови.
- Стандардни соби (34м², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица),
- Фамилијарни соби (47м², две спални соби, во едната соба француски и еден единечен кревет, во другата еден единечен кревет, едно купатило, макс.4 лица),
- Делукс соби (34м², директен поглед на море, кошница со овошје и вино при пристигнување, VIP козметика, секој ден местење кревет, една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Сите соби се со купатило со туш одвоен со стакло од собата и WC (со врата), фен, бањарка, папучи, индивидуален клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под и балкон.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуска и пауза за кафе попладне, вечера и закуска доцна навечер. Сите локални и никои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 08.00 – 24.00 часот, À la Carte ресторани се со претходна резервација и еднаш за престој во еден од нив, свежо цедени сокови само за појадок, бар на плажа за закуски од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, специјални вина и коктели, увозни пијалоци кои не се на мени листата, услуга во соба, свежо цедени сокови во Vitamin bar, наргиле, енергетски пијалоци, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Carpaccioo – италијанска кујна, Hunkar – турска кујна, Yosun – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење, фризер, шопинг центар, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во цел хотел и на плажа е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни (затворени во лето) базени, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Се доплаќаат: СПА центар, масажа, билијард, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, и шоу програми навечер, спортски натпревари покрај базен и на плажа. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца