Seher Sun Beach

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Seher Sun Beach
• 16 слики
• Во близина на плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Отворен базен
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Seher Sun Beach

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 6км од Сиде и 70км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 197 соби во три згради.

• Стандардни соби (24м², една спална соба со француски + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице),
• Фамилијарни соби (24м², една спална соба, иста како стандардната, но со француски кревет и кревети на спрат, макс. 2+2 деца).

Сите соби се со приватно купатило со када и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалхохолни пијалоци), сеф (се доплаќа), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите пијалоци во Disco.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – турски, морска храна, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фен, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење и хемиско чистење, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет пристап во лобито е бесплатен.

• Плажа

Хотелска плажа со камчиња и песок на 70метри од хотел, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни (затворени во летна сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода во Seher Resort Hotel, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар (во Seher Resort Hotel), осветлување на тениски терен и опрема за тенис, масажа, билијард. Забавни програми- анимации, мини клуб за деца од 06-12 години, игралиште и Мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација